Никола Јокиќ по третпат e МВП во НБА-лигата

414

Никола Јокиќ е најкорисен играч во НБА, објави и официјално лигата. За 29-годишниот српски центар ова е трета ваква награда, највредна од сите поединечни. Првата ја освои во сезоната 2020/21, следната веднаш потоа.

Од вкупно 99 гласови, 79 отидоа на сметката Јокиќ, тоа му донесе дури 926 поени на Србинот и на крајот заврши убедливо како најдобар пред второпласираниот Шеј Гилџус-Александер додека Лука Дончиќ беше третопласиран.

Тој годинава забележа 26,4 поени, 12,4 скока и 9 асистенции, заедно со 1,4 украдени топки и 0,9 блокади. Тој шутираше одлични 58% од поле, 36% за три поени, додека 82% од обидите ги реализираше од линијата за слободни фрлања.

Неговиот Денвер на крајот од сезоната заврши со скор од 57 победи и 25 порази и имаше идентичен биланс како Оклахома.

Денвер сега ги чека пеколен предизвик да го одбранат тронот затоа што во полуфиналето на Западот губат со 2-0 од Минесота.

ПретходноОвој човек е уникатен: Анчелоти запеа по победата (ВИДЕО)
СледноШек в лице му кажа на Јокиќ дека не ја заслужува наградата МВП (ВИДЕО)