Светски рекордери – стигнаа до 50-тиот трофеј во националниот Куп

179

Вадуц од Лихтенштајн е првиот фудбалски клуб во светот со 50 трофеи од националниот Куп. Вадуц синоќа го совлада Трисенберг (кој се натпреварува во седмата лига во Швајцарија) со 5:0 и го освои трофејот кој е 50-ти во нивната историја. Вадуц го освоил секое финале на Купот на Лихтенштајн од 1995 година па до сега, а во тој период само еднаш не успеал да го освои – во 2012 година кога изгубил од Ешен Маурен на пенали. Инаку првиот трофеј од Купот го освоил во 1949 година. Освен тоа има 13 загубени финалиња.
Второто место во светот со 44 трофеи од Купот е Линфилд од Северна Ирска. По нив, на третото место е Селтик со 41 трофеј од ФА купот на Шкотска (може да стигне до 42 во историјата затоа што ќе игра финале и оваа година).

ПретходноЛина се пласира во четвртфиналето на фјучерсот во Трнава
СледноАнтиќ и Георгиевски ќе бидат дел од Генералното собрание на ФИБА Европа