Лина се пласира во четвртфиналето на фјучерсот во Трнава

74

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е четвртфиналистка на ИТФ фјучерсот во Трнава, Словачка. Денеска, Лина ја совлада првата носителка на турнирот Маи Хонтама од Јапонија со 2-0 во сетови (6-3 и 6-1). Во претходното коло нашата тенисерка беше подобра од Полина Кудерметова со 2-0 во сетови (6-4 и 6-4).
Во четвртфиналето Лина ќе игра против Вероника Ерјавец од Словенија која е на 176 место на ВТА листата. Лина е на 213. место на ранг листата, а со овие две победи и носат нови поени и скок на повисоко место.

ПретходноСрбљак поразен во второто коло на фјучрсот во Србија
СледноСветски рекордери – стигнаа до 50-тиот трофеј во националниот Куп