Фудбалскиот сојуз на Албанија објави дека ќе биде кандидат за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година во соработка со Фудбалскиот сојуз на Србија.
Албанскиот сојуз го сака и шампионатот за млади фудбалери откако успешно го организира финалето на Лигата на конференции 2022 (Тирана) и ќе го организира ЕП за фудбалери до 17 години во 2025 година.
ФС на Албанија наведува дека ова е амбициозен проект кој државата би ја сместил во „ценатор на вниманието на фудбалска Европа“.
ФС на Србија е во оваа приказна поради неисполнување на услови во врска со бројот на стадиони потребни за завршниот турнир. И Албанија го нема тоа, па заедно би стигнале до тоа.