Србљак поразен во второто коло на фјучрсот во Србија

28

Македонскиот тенисер Горазд Србљак ги заврши мечевите на ИТФ фјучрс M25 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Тој денеска во мечот од вторто коло загуби од Бранко Ѓуриќ со 2-0 во сетови (63 62) за 92 минути. Ова беше втора победа за српскиот тенисер во меѓусебните мечеви со Србљак.

Во првиот сет Ѓуриќ направи предност со водството од 4:1 и 5:2 во гемови и сетот го заврши со 6:3, додека во вториот сет Србљак поведе со 1:0, но потоа следуваше серија од пет гема за ривалот и водство од 5:1. До крајот на мечот двајцата тенисери освоија по еден гем и вториот сет заврши со резултат 6:2.во гемови.

Србљак е пријавен за настап и на следниот фјучрс турнир во Куршумлијска Бања, каде во квалификациите се пријавени заедно со него и Обрад Марковски и Шендрит Деари.

ПретходноВо недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10 КМ“
СледноЛина се пласира во четвртфиналето на фјучерсот во Трнава