Голден Арт го отпиша Вардар Неготино

107

Ракометарите на Голден Арт славеа со високи 46:36 во денешниот меч од суперлигашкиот плеј-аут над екипата на Вардар Неготино и со тоа се чини ги урнаа сите надежи на гостите во трката за опстанок.

Неготинци на две кола до крајот остануваат со 8 бода зад Куманово и работата во трката за опстанокот за нив е завршена.

Голден Арт ја оствари четвртата победа во разигрувањето откако денеска го имаше одличниот Шилегов кој постигна 11 гола. Кај гостите Орешков беше најпрецизен со 15 погодоци.

ПретходноНашата каратистка Мишовска ќе се бори за злато на Европското првенство во Задар
СледноЖоргињо го продолжи договорот со Арсенал