Фубалерите на италијанска Аталанта ја продолжија фантастичната серија во Лигата на Европа и стигнаа до големото финале, откако вечерва славеа на домашен терен со 3:0 против Олимпик (М). По ремито од 1:1 на првиот меч во Франција, Аталанта вечерва беше далеку подобар тим и сосема заслужено го потврди своето присуство на финалето на 22 мај во Даблин.
Лукман го отвори резултатот со убав погодок во 30. минута, додека вториот гол беше дело на Руџери во 52. минута. Печат на убедливата победа стави Туре во 95. минута.
Баер (Л) прописно се изнамачи со Рома, иако донесе голема предност од првиот меч во Рим од 2:0. „Волчицата“ со трпелива игра, која беше главно ориентирана на дефанзива со обид да се игра преку контранапади, успеа да добие два среќни пенали по сите промашени шанси на домашните и да направи вистинска бркотница до крајот на мечот.
Паредес двапати погоди од белата точка и ја донесе Рома до 0:2, но кога беше најважно, гостите не успеаја да се одбранат. По една нафрлена топка во шеснаесетникот на Свилар, топката го погоди Манчини в лице и заврши во мрежата. Со овој автогол, Баер (Л) успеа да дојде до пласман во финалето, но не и да ја спаси серијата без пораз. Затоа до крајот фудбалерите на Алонсо комплетно притиснаа и во 97. минута Станишиќ со соло пробив успеа да го совлада голманот на Рома за конечни 2:2.