Ракометната репрезентација на Италија направи вистинска сензација во баражите за СП 2025 откако вечерва на домашен терен ја прегази Црна Гора со 32:26. Италијанците кои никој не ги сметаше за кандидати за место на ракометниот мундијал, вечерва направија резулат кој пред реваншот во Црна Гора им дава зрели шанси да стигнат до завршницата на првенството.
За разлика од Црна Гора, селекцијата на Португалија не дозволи изненадување. На домашен терен Португалците дојдоа до убедлива победа од 29:19 против селекцијата на Босна и Херцеговина, па реваншот ќе биде само формалност.