Србија и Албанија заедно ќе организираат ЕП во фудбал

263

Фудбалскиот сојуз на Албанија објави дека ќе биде кандидат за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година во соработка со Фудбалскиот сојуз на Србија.
Албанскиот сојуз го сака и шампионатот за млади фудбалери откако успешно го организира финалето на Лигата на конференции 2022 (Тирана) и ќе го организира ЕП за фудбалери до 17 години во 2025 година.
ФС на Албанија наведува дека ова е амбициозен проект кој државата би ја сместил во „ценатор на вниманието на фудбалска Европа“.
ФС на Србија е во оваа приказна поради неисполнување на услови во врска со бројот на стадиони потребни за завршниот турнир. И Албанија го нема тоа, па заедно би стигнале до тоа.

ПретходноДе Роси: Ова е година на Баер Леверкузен
СледноРаботнички под водство на Станиќ е некој нов, победнички, СУПЕР – РАБОТНИЧКИ!