Шарлот има нов тренер

69

Шарлот Хорнетс имаат нов тренер, а на клупата од идната сезона седнува Чарлс Ли, моментално помошник тренер во Бостон Селтикс. Тој е еден од најдобрите помошници во НБА лигата, а сега ќе се проба и како прв тренер.
Почна НБА кариера во стручниот штаб на Мајк Буденхолзер во Атланта 2014, а потоа во 2018 година се пресели со него во Милвоки Бакс. Таму во 2021 година го освои и шампионскиот прстен.
Шарлот во него гледа спас по очајната сезона во која имаше ефект од 21 победа и 61 пораз.

ПретходноУ14: Второ реми против Словенија
СледноПред 12 години барал линкови за да го гледа Реал, а сега го однесе во финале на ЛШ