Едвај се контролираше: Нов испад на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

203

Тешка партија за Ал Наср и незадоволството кое го достигна својот врв во реакцијата на Кристијано Роналдо.

На крајот од мечот со Ахдуд, при резултат 2:2, екипата на Ал Наср беше незадоволна од неосудувањето на прекршок, бидејќи еден од нивните соиграчи беше згазнат при борбата за топката.

Најгласен, можеби и очекувано, беше Роналдо. Португалецот бесен до максимум му се развика на судијата на цел глас. За тоа судијата му покажа жолт картон.

Ал Наср успеа да триумфира со 3:2 со голот на Марсело Брозовиќ во судиското надополнување.

Второпласираниот Ал Наср со осум победи во низа и 77 бода и натаму заостанува девет бода зад Ал Хилал.

ПретходноРакометарите со порака: Битката за води до самиот крај, заедно сме посилни!
СледноМакрон: Максимално го притискав идниот тим на Мбапе