Експлозивни – фудбалерите на Баер 11 пати се спасуваа со голови после 90-тата минута!

239

Баер Леверкузен ја продолжија низата на непобедливост на 49 натпревари (40 победи и 9 ремија). Против Рома во реванш полуфиналето на Лига Европа губеа со 0:2 и во финишот на мечот стигнаа до 2:2 што означи и нивен пласман во финалето на Лига Европа.

Низата од 49 натпревари без пораз е најдолга во историјата на клуб од Европа. Тие го урнаа претходниот рекорд на Бенфика од пред 60 години кој изнесуваше 48 натпревари без пораз.

Но она што е поважно, Баер сезонава се махери за пресврти во последните моменти од натпреварите, поточно да се спасуваат или да погодуваат за победа по 90-тата минута.
Оваа сезона, во сите натпреварувања Баер Леверкузен постигнал 12 голови по 90-тата минута, а тоа довело до 11 „спасувања“ од пораз.

Интересни беа нивните три меча (од вкупно четири) со Карабах сезонава. Во осминафиналето на ЛЕ, на првиот меч Азербејџанците на домашен терен водеа со 2:1, а Баер извлече реми со гол на Шик во 92 минута. На реваншот на „Бај арена“, Карабах водеше со 1:2, а потоа Баер со голови на Шик во 93 и 97 минута стигна до победа. Претходно во групата Баер го победи Карабах во гости со 1:0 со гол на Бонифасе во 94 минута.

Се уште се зборува и за дуелот во Дортмунд. Таму Баер беше на пат да го доживее првиот пораз сезонава, но извлече реми 1:1 со гол во 97 минута. Истото се случи и на дуелот со Штутгарт кога во 96 минута стигнаа до 2:2.

За тоа како играчите наоѓаат мотив во финишот да ги кршат противниците зборуваше тренерот Чаби Алонсо.
„Важни се карактерот и желбата. По мечот ги погледнав во очи фудбалерите и забележав дека сакаат повеќе“, изјави Алонсо.

Баер Леверкузен ја освои титулата во Бундес лигата, а во игра се уште два трофеја. Ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта (на 22 мај) и финале на Купот на Германија против Кајзерслаутерн (на 25 мај).

ПретходноИнзаги потпишува договор со Интер на 2+1 година
СледноНајдобриот стрелец на Евролигата го промени државјанството