Звук од филм за возрасни го прекина пресот на Дончиќ (ВИДЕО)

714

Лука Дончиќ постигна 29 поени, додаде 10 скока и седум асистенции, а Далас Маверикс ја победи Оклахома Сити со 119:110. Серијата е изедначена на 1:1, а следните два натпревари се играат во Далас.

По мечот се случи бизарен момент. Додека Дончиќ даваше изјава на медиумите се појави звук на порнографска содржина ненамерно пуштена од мобилниот телефон на еден од новинарите. Словенечкиот кошаркар остана во шок и прекина на средината на реченицата. По неколку секунди без реакција, тој само рече: „Се надевам дека ова не е во живо“. Потоа се насмеа тој и новинарите кои беа на прес-конференцијата.

 

ПретходноДончиќ во првата минута удри со глава во подот, а потоа го доведе Далас до победа (ВИДЕО)
СледноЛиверпул ја одреди цената за најскапиот играч во својата историја!