Лина запрена во четвртфиналето во Трнава

103

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Трнава, Словачка. Подобра од неа беше словенечката тенисерка Вероника Ерјавец која славеше со 2-0 во сетови (6-3 и 6-4).
Лина претходно запиша две победи од по 2-0 во сетови, над Кудерметова во првото коло и против првата носителка на турнирот Хотама, но налета на расположената словенечка тенисерка, која има севкупно пет трофеи од ИТФ фјучерсите од кои една оваа година по триумфот на Копер опен во април.

ПретходноБитола се буди: Продолжува битката меѓу Пелистер и Работнички
СледноМајкл Џордан отвори клиника за оние кои не можат да си дозволат лекување и заплака (ВИДЕО)