Битола се буди: Продолжува битката меѓу Пелистер и Работнички

124

Едната полуфинална серија во плеј-офот во македонскиот кошаркарски шампионат се сели во Битола. Пелистер успеа да направи брејк на првата средба против Работнички, а потоа го загуби вториот дуел во Скопје.

Сега избраниците на Дарко Радуловиќ на свој терен имаат шанси да стигнат до финалето. Во салата „Боро Чурлевски“ се најавува инвазија од навивачи, па кошаркарите на Пелистер ќе го имаат потребниот ветер во грб за да чекорат кон посакуваната цел.

На другата страна „црвено-белите“ на втората средба покажаа дека првиот меч беше само лош ден. Работнички во финалето нема играно од сезоната 2018/2019 кога со убедливи 3-0 беше совладан од МЗТ Скопје.

Мечот е закажан во 18:30 часот, МТВ ќе врши директен пренос.

ПретходноДе Роси: Можам да бидам горди на овие момци
СледноЛина запрена во четвртфиналето во Трнава