Де Роси: Можам да бидам горди на овие момци

109

Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, ја коментираше елиминацијата на неговиот тим од полуфиналето на Лига Европа. Италијанците во реваншот забележаа нерешено 2:2 против Баер (Леверкузен), но по поразот со 0:2 во првиот натпревар, турнирот го напуштија со вкупен резултат 2:4.

„Тоа беше херојски настап, но Леверкузен е навистина силен тим. Мислам дека нашите настапи на двата натпревари беа добри, немавме доволно удари кон голот и понекогаш тоа може да ја направи разликата, но момците беа неверојатни. Пред само два дена дадовме се до последната секунда против Јувентус, повторно моравме да притискаме со неверојатен физички и психички напор. Кога ќе успееш да се вратиш од 0-2 и да се приближиш до чудо, болката е голема кога ќе примиш таков гол. На секој натпревар учам нешто, тоа е ново искуство за мене, само што почнав во Серија Б пред една година. Мислам дека само четири или пет тренери на Рома играле во едно европско полуфинале, па затоа сум горд на тоа. Мојата работа не е ограничена на 90 минути, тоа е да анализирам зошто не стигнавме до финалето и според мене тоа е затоа што се сретнавме со тим кој беше посилен“, изјави Де Роси.

ПретходноМакрон: Максимално го притискав идниот тим на Мбапе
СледноБитола се буди: Продолжува битката меѓу Пелистер и Работнички