Мајкл Џордан отвори клиника за оние кои не можат да си дозволат лекување и заплака (ВИДЕО)

601

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан отвори клиника во својот роден град Вилмингтон, Северна Каролина. Колку му било емотивно отворањето на клиниката, покажува и податокот дека 61-годишниот плачел за време на говорот на отворањето што го одржал.

Донацијата од 10 милиони долари на Џордан за „Новант Хелт“ овозможи изградба на две дополнителни клиники за семејна медицина во Шарлот, а славниот кошаркар истакна дека е особено среќен што такво нешто добредојде во родниот град.

„Ова зад мене, тоа е дома“, рече Џордан додека покажа зад него кон улицата Вилмингтон.

На клиниката ќе се лекуваат лица кои се неосигурени и немаат доволно пари за здравствени услуги.

„Уверен сум дека сето ова позитивно ќе влијае на поединците и семејствата низ Вилмингтон“, рече емотивниот Џордан.

ПретходноЛина запрена во четвртфиналето во Трнава
СледноЛегендарниот нигерски репрезентативец доживеал тешка сообраќајна несреќа