Легендарниот нигерски репрезентативец доживеал тешка сообраќајна несреќа

560

Поранешниот нигериски фудбалски репрезентативец и екс-член на Ајакс, Тијани Бабангида доживеал тешка сообраќајна несреќа во која неговиот брат Ибрахим загинал, додека тој со сопругата, синот и уште едно лице се во болница.
Несреќата се случила на пат помеѓу градовите Кадуна и Зарија. Детали од сообраќајната несреќа не се познати.
Ибрахим, кој е постар брат на Тијани, е екс-играч на Волендам и екс-младински репрезентативец на Нигерија. Тијани се прослави во Ајакс, играше и за Рода, Генчлербирлиги, Витесе и во Кина. За Нигерија одигра 36 натпревари.

ПретходноМајкл Џордан отвори клиника за оние кои не можат да си дозволат лекување и заплака (ВИДЕО)
СледноИнзаги потпишува договор со Интер на 2+1 година