Најдобриот стрелец на Евролигата го промени државјанството

359

Маркус Хауард, најдобриот стрелец на Евролигата го промени спортското државјанство и сега може да игра за Порторико. ФИБА го прифатила неговото барање за промена на репрезентацијата, па така Американецот ќе може да ги предводи Порторико во иднина. Кошаркарот на Басконија оваа евролигашка сезона во просек бележеше 19,5 поени по меч со 40 отсто шутеви за три поени.
Тој е роден во Њу Џерси, а има потекло од Порторико. Со САД освои златен медал на СП за кошаркари до 17 години. Има два настапи за сениорскиот тим на САД.

ПретходноЕксплозивни – фудбалерите на Баер 11 пати се спасуваа со голови после 90-тата минута!
СледноПочина Марјан Михајловски, најпрепознатливиот навивач на МЗТ Скопје