Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија денеска одиигра тренинг натпревар против селекцијата на Романија и оствари резултатска победа од 3:2 во сетови. Сепак, мора да се напомене дека мечот беше повеќе еден вид тренинг-дуел со воигрување од двете страни, па останува утрешниот дуел да биде класичен контролен меч, со малку повеќе натпреварувачки карактер.
Според статистиката од денешниот дуел, Никола Ѓорѓиев освои 20 поени, Филип Савовски 10, шест заработи Илиев, по 4 Арсов и Маџунков, 3 Ефремов, а по 2 поена Бошков, Стојанов, Милев и Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Македонија и гостува на Романија во градот Рамницу Валчеа.