Фото вест: Радески и Ибраими на кафе – муабет во пресрет на неделното гостување во Тетово!

2276

Во недела под Шара се игра решавачкиот меч за титулата оваа сезона. Ако Шкендија победи тогаш сигурно е дека ќе биде шампион, ако победи Струга ТЛ тогаш веројатно ќе ја одбрани титулата. Ова покажува какво гостување го чека актуелниот шамппион во Тетово. А дека ќе биде тешко тоа најдобро го знаат Марјан Радески и Бесарт Ибраими, ударниот тандем на Струга ТЛ кои пред неколку сезони го предводеа нападот на Шкендија и освојуваа пехари со тетовските “црвено – црни“.

Па така денеска во Струга, Марјан и Бесарт имаа кафе – муабет, секако дека во преден план беше како да се победи Шкендија. Јасно е дека во многу работи зависи од нив дали Струга ТЛ ќе слави под Шара.

Да кажеме и тоа дека и двајцата заедно оваа сезона имаа постигнато 28 голови, а имаат и 19 асистенции. Токму затоа тие двајцата се играчите во кои се вперени сите погледи, сите надежи во таборот на шампионот.

ПретходноДоривал го објави списокот: Бразил на “Копа Америка“ без Ришарлисон, Жезус, Каземиро…(ФОТО)
СледноОдбојкарите со 3:2 подобри од Романија на првиот тренинг-меч во Валчеа