Ракометарите со порака: Битката за води до самиот крај, заедно сме посилни!

424

Македонската ракометна репрезентација денеска продолжува со подготовките за реванш дуелот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година. Избраниците на Кирил Лазаров на првиот бараж меч запишаа тежок пораз од 34-27.

Негативата од седум гола е голема, но никој во нашиот табор не помислува да се откаже од Мундијалскиот сон. Голема предност е што „црвено-жолтите“ играат на домашен терен, па со поддршка од трибините можат да приредат епски пресврт и токму тие да се најдат на СП.

„Битката се води до самиот крај, заедно сме посилни“, оваа е пораката која стои на „Инстаграм“ профилот на ракометната федерација.

Мечот се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“, а билетите веќе се пуштени во продажба.

ПретходноМанчестер Сити го договори чудото од дете
СледноЕдвај се контролираше: Нов испад на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)