Најважниот меч во сезоната, на кој најверојатно ќе падне одлуката околу тоа кој ќе биде шампион на Македонија, се игра во недела во Тетово од 17 часот, а се среќаваат Шкендија и Струга ТЛ.
Доверба да го суди овој екстремно важен меч доби Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 32.КОЛО – НЕДЕЛА (17 Ч)
Шкупи – Брера: Крунислав Ѓорѓиев (Штип)
Шкендија – Струга ТЛ: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Гостивар – Работнички: Доне Ристовски (Гевгелија)
Тиквеш – Воска: Димитар Пилешков (Штип)
Силекс – Вардар: Јован Качевски (Струга)
Македонија ЃП – Брегалница: Ивана Пројковска (Скопје)