Фудбалер на Интер станува најплатениот во Серија А

961

Фудбалерот на Интер, Николо Барела ќе стане најплатениот играч во италијанската Серија А. Тоа ќе се случи, ако играчот го потпише новиот договор со „нероаѕурите“ според кој ќе заработува по 7 милиони евра по сезона вклучувајќи и бонуси.
Тоа значи дека италијанскиот репрезентативец би бил на првото место по примањата, а моментално најплатен играч е неговиот тимски колега Алесандро Бастони со 5,5 милиони евра по сезона. Ѕвездата на Јувентус, Федерико Киеза е на третото место со 5 милиони евра по сезона.

ПретходноЗаврши 110-годишното чекање за Унион Сен Жилоа
СледноНАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО