Заврши 110-годишното чекање за Унион Сен Жилоа

2401

Белгискиот Унион Сен Жилоа го освои Купот на Белгија по 110 години чекање на трофејот од ова натпреварување. Последен пат клубот го освои Купот во далечната 1914 година. Дури оваа година Унион стигна до финалето на Купот, а на стадионот на „Кралот Бодуан“ во Брисел го победија Антверпен со 1:0.

Унион ја продолжува борбата и за титулата во Белгија, а на три кола пред крајот на плеј-офот има три бода помалку од лидерот Бриж. Инаку овој клуб се врати во белгиската елита во 2021 година, а претходно 48 години играше во пониските лиги.
Клубот дожува ренесанса од 2018 година па наваму откако беше купен од британскиот бизнисмен Тони Блум, кој исто така е сопственик на англискиот Брајтон.

Инаку Унион Сен Жилоа 11 пати бил белгиски шампион, а последната титула му е од сезоната 1934/35.

ПретходноЕден од најдобрите напаѓачи на Германија го пропушта ЕП 2024?
СледноФудбалер на Интер станува најплатениот во Серија А