Чаби Алонсо по новиот подвиг: Ги погледав играчите во очи…

2347

Шпанскиот стручњак Чаби Алонсо даде интересна изјава откако неговиот Баер Леверкузен повторно се спаси од пораз во последните моменти, но и се пласираше во финалето на Европската лига.

Во реванш полуфиналето на Европската лига синоќа се сретнаа Баер Леверкузен и Рома. На крајотмечот  заврши 2:2.

„Среќни сме што сме во финалето. Како резултат на тоа ќе играме две финалиња за седум дена. Покажавме карактер по нивниот втор гол.

Ги погледнав играчите во очи и видов дека сакаат повеќе. Имаме уште шанси да го освоиме трофејот и моите момци ги заслужуваат сите три трофеи“, изјави Чаби Алонсо.

Да потсетиме, Баер Леверкузен претходно ја обезбеди титулата шампион на Германија, прва во клупската историја и е во игра за уште два трофеи. Најпрво на 22 мај во Даблин ќе го одиграат финалето на Европската лига против Аталанта. Три дена подоцна е закажано финалето на ДФБ-Покал, противник на Баер ќе биде второлигашот Кајзерслаутерн.

ПретходноШкупи после пет години повторно во кошаркарската елита
СледноМиовски во „тесна“ трка за играч на сезоната според фудбалските специјалисти