Шкупи после пет години повторно во кошаркарската елита

107

Во третиот, и решавачки натпревар, Шкупи стигна до убедлив триумф над Маџари (77:59), доволен за место во елитата. Овој тим по пауза од пет години повторно се враќа во Првата лига.

Претходно, тоа им појде од рака и на кошаркарите на МКК Куманово, кои беа подобри од екипата на Ангели во два одиграни натпревари, па овие две екипи во меѓусебен дуел, во финалето, закажано за 11.мај (сабота) во Куманово, ќе одлучат и кој ќе биде шампион на Втората лига-мажи за сезоната 2023/2024.

Во мечот на одлука, кој им донесе и место меѓу најдобрите екипи во мак-баскетот, прво поентерско име кај Шкупи, со 18 реализирани поени, беше Величковски, Тачи реализираше 15, Балоски даде 11, а Двојаковски имаше уште 10 поени.

На другата страна, Тодоровски постигна 17.поени, Карло Блажевски го следеше со 14.реализации, Милков даде 11, а Паоло Блажевски уште десет, но сето тоа беше недоволно за прволигашка промоција.

ПретходноЛиверпул ја одреди цената за најскапиот играч во својата историја!
СледноЧаби Алонсо по новиот подвиг: Ги погледав играчите во очи…