ТИМ И ИГРАЧ НА 32.КОЛО: Маестро Бесарт Ибраими

412

Големите играчи се познаваат по тоа што ќе одиграат екстра квалитетно на големи мечеви. А таков е Бесарт Ибрами кој вчера под Шара на мега – дербито со Шкендија едноставно одигра фантастично. И не само поради голот туку и поради се она што направи против својот некогашен тим.

И затоа Бесарт кој сега има 202 гола во кариерата во ПМФЛ, е играч на колото без дискусија според “СпортСпорт“.

Покрај него во тимот на коло од Струга се и Ќосевски, Радиќ, Кривањева, Камбери, Шабани и Радески.

Покрај овие седуммина играчи од таборот на старо – новиот шампион, се и Ристевски (Брера), Ларсон и Фазли (Македонија ЃП) и Дурански (Вардар).

 

ИГРАЧ НА КОЛОТО

 БЕСАРТ ИБРАИМИ

 Тим: Струга ТЛ

 Роден: 17.12.1986 во Кичево

 Кариера: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Енозис, Ермис, Шкендија, Ксанти, Струга ТЛ

ПретходноНОВИ ПРОМОЦИИ НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКАТА ИГРА „РОКЕТМЕН“ И ЏЕКПОТ МАНИЈА
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Меритон Гега (Струга ТЛ)