Мелоун: Денвер не е само Никола Јокиќ

1421

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, по победата над Минесота истакна дека оваа серија се уште не е блиску до крај.

Нагетс изедначија на 2:2 во полуфиналната серија од Западната конференција.

“Никогаш не го потценувајте срцето на шампионот. Минатата година победивме двапати во финалето во Мајами. Овој тим е тестиран одново и одново и ние одговараме на се што ќе ни дојде на патот. Оваа серија е далеку од завршена, не славиме воопшто, она што го гледам е дека овој тим верува во себе, како што треба да игра шампионскиот тим“. 

Никола Јокиќ беше најдобар на теренот со 35 поени, а го следеа Гордон со 27 и Мареј со 19.

“Ме потсети на натпреварот во финалето кога Никола имаше проблеми со лични грешки. Мислам дека целата планета го задржа здивот во таа ситуација. Исто како и тогаш, успеавме да одговориме. Играме преку Мареј, Гордон, момците од клупата одговори на задачата. Да, тој е трикратен МВП, но овој тим не е само Никола Јокиќ, туку има многу талент, самодоверба и храброст“, додаде тој.

ПретходноЛазаров: Го даваме срцето и душата за Македонија, па барам само малку почит – кога ќе згрешиме
СледноВистински капитен: Митревски откри што им кажал на ракометарите по убедливиот пораз на првиот меч