Попладнево се одиграа сите девет средби од 34. или последно коло во Бундеслигата. Елиф Елмас беше стартер во составот на Лајпциг и играше се до 74.минута кога беше заменет. Во 63.минута од непосредна близина ја погоди стативата на Ајнтрахт Франкфурт, овој меч заврши со резултат 2:2.
Дортмунд со 4:0 се прости од Марко Ројс кој постигна мајсторски гол. Емотивен меч на „Сигнал Идуна Парк“.
Леверкузен со стил ја заврши сезоната како првак и тоа со победа дома со 2:1 против Аугсбург.
Баерн на гостувањето кај Аугсбург во 6.минута водеше со 0:2, но на крај загуби со 4:2, неверојатно.
Од елитата испаднаа Келн и Дармштад, а Бохум на Агон Елези ќе игра бараж за опстанок.