Ноќеска околу 01 часот во Ријад (С. Арабија) ќе започе бокс мечот кој се чекаше 24 години. Силите на рингот ќе ги одмерат Тајсон Фјури (В. Британија) и Олександер Усик (Украина). Некои го нарекуваат и меч на столетието и тоа поради фактот дека победникот од овој бокс меч ќе ги обедини сите титули и ќе биде апсолутен светски првак во тешка категорија.
Во изминатите 25 години светот на боксот тоа го немаше.
Фјури ги има титулите во ВБЦ, додека Усик во ВБА, ИБФ и ВБО.
Овој меч требаше да се одржи пред два месеци, но сепак беше одложен за ноќеска.
Нема сомневање дека организиторот ќе стори се што треба за да оваа борба биде мега – спектакл и борба која ќе се памети долго, долго.
Инаку светот за последен пат имал апсолутен светски првак во 1999 година кога Ленокс Луис по победата над Ивандер Холифилд ги обедини сите титули во тешка категорија.
“Кралот на Циганите“ досега во својата кариера има скор од 34-0-1 од кои 24 со нокаут. Додека Украинецот има скор од 21-0-0 од кои 14 со нокаут.
25 years in the making, the two best heavyweights in the world battle it out for 𝐔𝐍𝐃𝐈𝐒𝐏𝐔𝐓𝐄𝐃 👑🔥#FuryUsyk | Tomorrow | @boxingontnt | #RiyadhSeason pic.twitter.com/ZUF6nCgwZl
— Queensberry Promotions (@Queensberry) May 17, 2024