Видео од тепачката на Детска лига на ФФМ! (ВИДЕО)

26768

По она што се случуваше вчера на терените на ФФМ во рамките на Детската лига кога родители направија хаос и имаше тепачка, „СпортСпорт“ утринава пишуваше за овој инцидент, а еве сега ви презентираме видео од тепачката.

Не да делува невкусно туку ова е страшно, ова е срамно. Без разлика дали голманот бил виновен или не, дали некој друг претерал во својата желба да дојде до топката или да постигне гол, вакво нешто не смее, а посебно не на детски натпревар, да се случува.

Фудбалот е сериозна работа, но фудбалот пред се е забава а не полигон каде пто родителите со своите фрустрации ќе ги искажуваат своите неостварени амбиции.

 

ПретходноДвојна титула за Ѓорче Петров: Куп пехарот во рацете на „лавиците“
СледноНено двоцифрен, но Уникс К. претрпе катастрофа кај Локомотив