Барса, Јуве и Баерн си најдоа нови тренери, а Де Брујне нов клуб!

22029

Интересни беа изминатите и помалку од 24 часа во фудбалска Европа, посебно кога станува збор за тренерите. Имено Барселона, Јувентус и Баерн си најдоа нови тренери, а Кевин Де Брујне си најде нов клуб и тоа не во Саудиска Арабија.

Ханси Флик по се изгледа дека се договори со Барселона и тој ќе седн на клупата на Чави Ернандез кој во меѓувреме направи неколку грешки во чекори и мораше да си оди.

Тиаго Мота седнува на клупата на Јувентус и тоа место Макс Алегри. Болоња објави дека Мота си заминува, а се чека негово пристигнување во Торино.

Сензационално е тоа што Винсент Компани е изборот на Баерн Минхен. Навистина чудна одлука ако се знае кој беше првиот пик за тренер на “баварците“, па вториот, третиот и така натаму. Компани е веројатно десетиот пик ако не и петнаесеттиот. Но има нов проблем. Според англиските медиуми Баерн нуди 10 милиони за да го откупи неговиот договор со Барнли, додека англискиот клуб бара 20 милиони. Ќе видиме што ќе се случува деновиве.

Кевин Де Брујне си оди од Манчестер Сити, но нема својата кариера да ја продолжи во Саудиска Арабија како што се шпекулираше туку во МЛС и тоа во Сан Диего. Барем такви се најавите од Островот.

ПретходноЛопетеги е нов тренер на Вест Хем
СледноПелистер рутински во Струга и е на чекор до титулата