Вардар во недела го игра баражот за последното место во ПМФЛ против тимот на Денотит Плачковица. Пред „црвено-црните“ е мисија да се продолжи настапот во најсилната македонска лига, а поддршка за фудбалерите стигна дури од Динамо Загреб.
Стефан Ристовски, поранешниот фудбалер на Вардар, ги организира своите соиграчи кои ја дадоа својата поддршка за најтрофејниот македонски клуб во овие тешки моменти. Ристовски, со Бруно Петковиќ, Марко Рог, Јосип Мишиќ ги повикаа навивачите и симпатизетите на Вардар во Струмица на оваа фудбалска битка.
„Сите во Струмица на бараж!!! Напред Вардар“, порачаа од Загреб.