ТИМ И ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Марјан Радески, едноставно најдобар

2085

По традиција “СпортСпорт“ и овојпат го одбра тимот на сезоната во ПМФЛ и секако најдобриот играч. Чекавме пет-шест дена да заврши сезоната 2023/24, за да работите си “легнат“ како што се вели. Немавме премногу работа околу тоа кој да биде нај, нај од играчите. Едноставно најдобар, тоа е Марјан Радески од Струга ТЛ со 15 голови и седум асистенции и одиграни 33 меча.

Радески беше и играч на полусезоната според “СпортСпорт“, тој е класа за себе во ПМФЛ, секако дека и заслужува да се врати во А репрезентацијата.

Покрај него во тимот на сезоната од таборот на шампионот се и Ќосевски, Кривањева, Шабани и Ибраими. Сите овие играчи, секако и останатите, дадоа голем придонес Струга ТЛ повторно да биде шампион во ПМФЛ.

Од останатите клубови во тимот на сезоната се и Цаке и Красниќи (Шкендија), Пинтер и Трапановски (Шкупи), Спахиу (Тиквеш) и секак првиот стрелец Марушиќ (Воска).

Ова е нашиот избор и да потсетиме дека ова е тимот на сезоната во првенството.

ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА

МАРЈАН РАДЕСКИ

Тим: Струга ТЛ

Роден:10.02.1995 во Прилеп

Кариера: 11 Октомври, Металург, Шкендија, Брера, Шкупи, Пјуник (Ерменија), Струга ТЛ

ПретходноЃорѓиев во пресрет на мечот со Азербејџан: Најважно е да не правиме грешки
СледноЃоковиќ запрен во полуфиналето во Женева