Тиквеш во досегашната историја имал познати и “звучни“ тренери, ни никој и никогаш и не го направил тоа што оваа сезона го направи Ѓорѓи Мојсов. Младиот тренер, кој за три дена ќе полни 39 години, во целост го искажа сиот свој тренерски талент. Беше одличен фудбалер, но како тренер пред него е фантастична кариера.
Токму Мојсов на Тиквеш му го донесе најдобриот пласман во историјата, а тоа е 4.место. Да не говориме дека со освојување на Купот токму Мојсов го однесе Тиквеш, за првпат во историјата, и во Европа.
Тиквеш во сезоната која заврши минатата недела просто пленеше со своите игри, убедливо беше хит во ПМФЛ, го играше веројатно најубавиот фудбал, напаѓачки, на гол повеќе.
И сето тоа по заслуга на Ѓорѓи Мојсов. Секоја чест на кавадарчанецот кој според „СпортСпорт“ е тренер на сезоната 2023/24 во ПМФЛ.