Хари Кејн е “Златна копачка“ на Европа!

212

Не освои ниту еден трофеј со Баерн Минхен сезонава, но затоа Хари Кејн дојде до индивидуално признание. А тоа “Златната копачка“ на Европа за сезоната 2023/24.

Англичанецот за баварскиот гигант успеа да постигне 36 голови во Бундеслигата, а кога ќе се помножи со коефициент 2.00 тогаш се добива бројка од 72, што секако дека е највисока во Европа.

Позади себе Кејн ги остави Халанд, кој лани ја освои „Златната копачка“, потоа Гираси, Мбапе, а во Топ-5 е и Опенда од Лајпциг, соиграч на нашиот Елиф Елмас.

ПретходноКанатларовски прозиваше за пријателските со Полска и БиХ! (ФОТО)
СледноВуков се “коцкаше“ во Монако, но ќари само две позиции!