Нашите одбојкари со нескриен оптимизам пред натпреварите со Хрватска и Шпанија!

89

Изданието во Белгија охрабрува, но и обврзува. Победите и добрите игри треба да се надградат и во Хрватска. Иако македонските обојкари не зацртаа конкретен пласман во Европската златна лига, сите сакаат Осиек да биде круна на настапот во најсилното годишно натпреварување на ЦЕВ.

После добрата игра против Азербејџан и Белгија, овде во Хрватска сакаме да останеме на исто ниво или да го подобриме. Ми се допадна како изгледавме против Белгијците, нивото може да го кренеме, а доколку биде така, се надевам на уште подобар резултат“, вели селекторот Хари Наковски.

По двата пораза во Струмица од Естонија и од Чешка, македонската репрезентација влезе во вистински ритам и го совлада Азербејџан, а потоа беше на дофат на триумф против Белгија. Затоа сме 10-ти на табелата со можност да напредуваме во зависност од резулатите на претстојните две соочувања.

Во Хрватска ќе го одработиме првиот тренинг. Очекувам да прикажеме добра игра како на турнирот во Белгија,. Мислам дека имаме квалитет да се спротивставиме и на Хрватска и на Шпанија, очекувам барем една победа, а зошто да не ја изненадиме и Хрватска“, оптимистички е расположен најискусниот во нашиот табор Владо Милев.

Македонија утре ќе игра со домаќинот Хрватска, а в сабота ќе се сретне со Шпанија. Тоа се два инспиративни противника коишто се пред нас во рангирањето. Хрватите се амбициозни да го освојат златото и затоа се пријавија да го организираат завршниот турнир, а Шпанците досега остварија две победи на четири меча. Сепак, и во „Градски врт“ во Осиек многу работи на теренот ќе зависат од нас и само од нас.

ПретходноФудбалерките до 19 години ќе одиграат два контролни натпревари со БиХ
СледноФФМ со благодарница за Бирото за јавна безбедност! (ФОТО)