Италија одигра без голови против Турција во пријателски меч во Болоња. Тоа не беше возбудлив меч, а „Аѕурите“ имаа малку шанси за погодок. Најдобрата ја имаше Кристанте кој ја погоди пречката.
„Очекував ваков натпревар. Работевме многу на физички план и очекував играчите да бидат изморени“, изјави Спалети.
Тој посочи две работи на кои тимот треба да работи „квалитетно во нападот и интензитет.
„Меѓутоа, очекував поголем квалитет во противничката половина, без тоа сè станува потешко. Премногу пати им дозволивме да ја задржат топката и премногу пати бевме развлечени. Ако ја држите топката повеќе, правите пократки трчања и сè е полесно. Се покажа дека не сме целосно фит и затоа што не управувавме премногу добро со топката.“, кажаи селекторот.
Италија ќе дебитира на ЕП 2024 на 15 јуни против Албанија.
„Она што ме прави оптимист е фактот што добро ги познавам моите играчи. Јасно е дека треба да направиме повеќе од она што го направивме на овој меч. Прелесно ја губевме топката, а овие работи имаат влијание. Мора да одиграме квалитетно во нападот но и да играме побрзо“.