Баерн попушти пред барањата на Дејвис само за да потпише нов договор

2132

Канадскиот бек Алфонсо Дејвис на една сезона пред истекот на актуелниот договор со Баерн (М) се уште има нерешен статус за следната сезона. Иако се зборуваше дека е на чекор со трансфер во Реал (М), сепак, Баерн (М) со сите сили се обидува да го задржи на „Алијанц Арена“.

Винсент Компани, кој ќе биде нов тренер на Баварците, веќе го уверил раководството на клубот дека ќе има потреба да го задржи Алфонсо за да ја врати водечката улога на тимот во Германија.

Во моментов не се работи само на подобрување на условите за фудбалерот, туку за долгорочен нов договор. Баерн ќе направи отстапки за Дејвис во однос на платата, иако пред тоа клубот имаше принципиелен став по ова прашање.

ПретходноАлегри има понуда од С. Арабија, но се надева на Манчестер Ј. или Тотенхем
СледноСтанојевиќ по трет пат на кормилото на Партизан