Алегри има понуда од С. Арабија, но се надева на Манчестер Ј. или Тотенхем

292

И покрај денешните најави дека Алегри е еден од кандидатите за тренерското место во Милан, досегашниот шеф на струката во Јувентус вели дека за него приоритет е заминување во Англија. Стратегот по завршувањето на соработката со Јуве не планира да земе креативна пауза туку летово ќе ги чека понудите од англиските клубови.

Алегри има понуда од саудиски клуб за тригодишен договор, но италијанскиот стретег не е сигурен дека таквиот чекор ќе биде вистински за него.

Се вели дека Алегри се надева дека ќе добие повик од Премиер лигата. Италијанецот со задоволство би работел во Англија, а како опции се споменуваат Манчестер Јунајтед или Тотенхем.

ПретходноЧешка влегува во трка за домаќин на ракометното Евро 2030
СледноБаерн попушти пред барањата на Дејвис само за да потпише нов договор