Канадскиот бек Алфонсо Дејвис на една сезона пред истекот на актуелниот договор со Баерн (М) се уште има нерешен статус за следната сезона. Иако се зборуваше дека е на чекор со трансфер во Реал (М), сепак, Баерн (М) со сите сили се обидува да го задржи на „Алијанц Арена“.
Винсент Компани, кој ќе биде нов тренер на Баварците, веќе го уверил раководството на клубот дека ќе има потреба да го задржи Алфонсо за да ја врати водечката улога на тимот во Германија.
Во моментов не се работи само на подобрување на условите за фудбалерот, туку за долгорочен нов договор. Баерн ќе направи отстапки за Дејвис во однос на платата, иако пред тоа клубот имаше принципиелен став по ова прашање.










