Зидан призна: Долго време сум надвор од терените

221
ФОТО: Real MadridFC/X

Зинедин Зидан повторно посочи дека е подготвен да се врати во тренерската професија. Французинот смета дека предолго е без работа и почнува да му недостасува. 51-годишниот стратег последен пат беше на чело на Реал Мадрид, но се раздели во 2021 година.

„Иако тренерството бара многу енергија, предолго сум без работа. Да, оваа работа ме изморува, но во исто време почнува да ми недостига. Убаво се забавувам. Во моментов ќе видиме кога ќе се вратам на тренерската работа“, рече Зидан за Марка.

Францускиот стручњак постојано се поврзуваше со различни тимови, но тој досега не прифати ниту една од понудите кои му беа упатени. Тој се надеваше дека ќе го замени Дидие Дешам на чело на Франција по Светското првенство во Катар, но Дешам изненадувачки реши да остане и да го обнови договорот, со што ги погази плановите на Зизу.

ПретходноРадивојевиќ уште една сезона во дресот на Е. Пелистер
СледноРепрезентативен десен бек на Тунис е ново засилување за Вардар