Лоша вест за Реал Мадрид!

4054

Џуд Балингем блескаше во првата сезона за Реал и веднаш покажа зошто клубот минатото лето му плати 103 милиони евра и зошто со бонуси ќе чини уште 30 милиони евра. Така стана најскапиот играч во историјата на клубот.

Офанзивниот играч за врска постигна 23 гола и намести 13 гола на 42 натпревари, со што го предводеше Реал до титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите. Го обожаваат соиграчите, навивачите и новинарите, а цела сезона го споредуваат со Зинедин Зидан. Сепак, се појави информација која ја расипува бајката.

Левото рамо на Белингам веќе некое време има многу болки. Нормално, веднаш по завршувањето на сезоната ќе заминеше на операција, но сега тоа не доаѓа предвид бидејќи сака да игра на ЕП.

Радио Кадена СЕР известува дека Белингем би можел да оди на операција по ЕП доколку неговата состојба не се подобри. Ова би претставувало огромен хендикеп за Реал бидејќи најдобриот стрелец на клубот и играч од Ла Лига во тој случај би ги пропуштил подготовките и почетокот на новата сезона.

ПретходноСаутгејт избриша уште една „ѕвезда“ за ЕУРО
СледноБарселона тргнува по шпански репрезентативец