Српскиот фудбалски великан Партизан одлучи да направи тренерска промена во пресрет на новата сезона, па така на местото на Алберт Наѓ на кормилото се враќа Александар Станојевиќ.
Тој по трет пат ќе ги предводи „црно-белите“. Под водство на овој тренер Партизан имаше успешни резултати, освои две шампионски титули и еден трофеј од Купот на Србија, а играше и во групната фаза на ЛШ.
Во вториот период, од 2020 до 2022 година не освои трофеј, но успеа да обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на конференции, а екипата презими во Европа.
Освен во Партизан, Станојевиќ работеше во четири кинески клубови Далиен, Пекинг Гуан, Пекинг Ентерпрајс и Пекинг Рене. Во Израел работеше во Макаби Хаифа и во Коњаспор од Турција.










