Чешка влегува во трка за домаќин на ракометното Евро 2030

127
фото: handball.cz

Градоначалникот на чешката престолнина Прага, Бохуслав Свобода, потпишал апликација за заедничка организација на Европското првенство за мажи во 2030 година.

Чешка планира ко-домаќинство со Данска и Полска, а доколку успее, финалето ќе се игра во Прага, додека останатите натпревари ќе се играат во Хернинг и Катовице.

„Ракометот овде има долга традиција и значајна поддршка, како во однос на зголемувањето на бројот на играчи, така и на големиот интерес на навивачите. Освен тоа, неодамна со организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз, повторно потврдивме дека организациски можеме да се справиме со голем спорт. Затоа верувам дека Прага ќе успее да биде ко-домаќин на Европското првенство“, изјавил Свобода.

ПретходноВАР останува во Премиер лигата: 19 од 20 клубови гласале „ЗА“
СледноАлегри има понуда од С. Арабија, но се надева на Манчестер Ј. или Тотенхем