Шпанија без Рики Рубио во битка за „виза“ за ЛОИ во Париз

109

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серхио Скариоло веќе го објави списокот со повикани кошаркари во шпанската репрезентација за предолимпискиот турнир во Валенсија што ќе се одржи од 2 до 7 јули, но на него ќе го нема искусниот Рики Рубио.

Денеска ова го потврди и самиот Скариоло на официјалната прес-конференција. Сомнежите со Рики беа јасни од неговите последни зборови по ова прашање: „Немам поим. Не сакам да донесам одлука сега. Нека поминат неколку недели со ладна глава за да можам да проценам сè. Не беше лесно. Сега тоа е реалност. Рики побара да не биде повикан за овој предолимписки циклус затоа што му бил потребен одмор“, изјави Скариоло.

Во списокот за олимписките квалификации Скариоло стави 22 кошаркари.

ПретходноРепрезентативен десен бек на Тунис е ново засилување за Вардар
СледноОдлука на „зелена маса“: Ц. Звезда и официјално е шампион на Србија