Како што синоќа најави “Марка“, Атлетико Мадрид ова лето како една од трансферните цели ја има ѕвездата на Манчестер Сити, а тоа Хулиан Алварез. Се вели дека иако “јорганџиите“, посебно тренерот Диего Симеоне го посакува младиот напаѓач на Сити и репрезентацијата на Аргентина, сепак тој трансфер тешко е остварлив, но не и невозможен.
Имено Алварез веќе две години е кај Пеп Гвардиола, но никако не успева во целост да го искаже сиот свој потенцијал, а се знае и зошто. Тука е Ерлинг Халанд, а Пеп ретко се одлучува на натпреварите и двајцата да ги има во нападот.
Секако дека Алварез не би имал ништо против да игра во тимот каде што е тренер неговиот сонародник Симеоне, а тука се и неколку негови соиграчи од селекцијата на Аргентина.










