Мурињо веднаш се фати за работа, првото големо засилување доаѓа од Реал

10908

Како што пренесуваат странските медиуми, Жозе Мурињо веќе стапил во контакт со својот поранешен клуб Реал Мадрид со цел да го „доврши“ првото големо засилување за својот нов клуб.

Португалецот долго време ги одмеруваше понудите што ги имаше на маса и секогаш тврдеше дека чека специјална понуда, а очигледно таа доаѓа од Фенербахче, што му е единаесетта работа во тренерската кариера.

Тој со оваа екипа потпиша двегодишен договор и ќе заработува 10,2 милиони фунти годишно.

Дополнително, странските медиуми тврдат дека во неговиот договор има клаузула дека може веднаш да си замине доколку добие понуда од португалската репрезентација да стане нивни селектор.

Во последно време Фенербахче се поврзуваше со доведување на Лукаку и Пол Дибала кои веќе соработуваа со Мурињо, но одличниот тренер јавно кажа дека нема да ги доведе.

Сега медиумите од Шпанија тврдат дека Мурињо веќе почнал да го добива своето прво засилување, а тоа ќе биде играчот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, кого сака да го врати во Фенербахче на позајмица.

Мурињо веќе ги контактирал челниците на Реал Мадрид за да го договорат враќањето на Ѓулер, кој се пресели во Фенербахче во 2021 година и стана еден од најголемите таленти во светот кога е фудбалот во прашање, а секако тоа не го пропушти раководството на Реал Мадрид.

Тој се пресели во Мадрид во јули 2023 година и потпиша шестгодишен договор со оваа екипа.

Во првата сезона не играше многу, а најголема причина беа честите повреди што ги имаше. Тој забележа само 10 настапи во Ла Лига, но и покрај тоа постигна шест гола за 330 минути на теренот.

ПретходноСе исполни најголемата желба на Лука Модриќ
СледноСе огласи Партизан: Не сакаме да учестуваме во ваков скандал