По вчерашниот хаотичен дуел меѓу Партизан и Црвена Звезда кој беше прекинат поради инциденти предизвикани од домашните навивачи, мечот ќе биде регистриран со службен резултат 20:0 во корист на црвено-белите (што ќе значи нивна одбрана на титулата), се огласи и Партизан.„Вториот меч од финалето е прекинат при водство од 57-45 на 7:55 секунди пред крајот на третата четвртина. Првиот судија го прекина мечот поради навредите кон Весна Човиќ од страна на публиката, што е за првпат во историјата на нашата кошарка меч да биде прекинат поради вербален конфликт. Само за потсетување, на последните средби навредувани беа Жељко Обрадовиќ, Зоран Савиќ, Кевин Пантер, Алекса Аврамовиќ, Немања Недовиќ, но мчевите ниту за секунда не беа прекинувано. Откако е барано салата да се испразни,нашата екипа долго чекаше на теренот, за од службените претставници да добиеме информација дека од судиите им било кажано дека натпреварот е прекинат и ќе биде продолжен во наредните 24 часа. Тогаш целата екипа се упати кон соблекувалната, а кошаркарите добија слободно за да си заминат во своите домови. Кога изненадувачки судиите и играчите на Црвена Звезда се појавија на терен повеќе од еден час по прекинот, нашите играчи веќе беа кон своите домови. Црвена Звезда, судиите и делегатот очигледно сакаа на ваков начин да биде доделена титулата на Црвена Звезда, а КК Партизан не сака да учествува во ваков скандал“, велат од Партизан.










